logo
logo
logo

ВАСИЛ ВОЗЕЛ ЦИК ЦАК, ДЕЛОТО ГО СТОРИЛ СО УМИСЛА, тврди обвинителството

Vecer | 09.05.2025

ВАСИЛ ВОЗЕЛ ЦИК ЦАК, ДЕЛОТО ГО СТОРИЛ СО УМИСЛА, тврди обвинителството

На почетокот на судењето за смртта на Фросина Кулакова во Кривичниот суд, обвинителот Александар Марковски во воведниот збор рече дека ќе докаже возачот Васил Јованов делото го сторил со умисла. „Ова не е само несреќа во која навидум еден маж, прегазил жена“, рече обвинителот и посочи дека сообраќајката е последица на низа сообраќајни пропусти, објави Република

Затоа, рече обвинителот Марковски, возачот Васил Јованов, се гони за најтешката квалификација на кривичното дело.

Обвинителот рече дека тие ќе се трудат да докажат дека, за нецела минута пред критичниот настан, сторил и други пропусти од сообраќајна природа.

Од типот на цик-цак возење, поминување на две полни ленти. Не се релевантни од кривична природа, но се докази за умислата за кривичното дело за кое се товари, рече обвинителот.

Тој посочи дека за сѐ имаат докази.

Навидум еден маж, прегазил една жена. Но не е така. И ова не е така поради медиумската помпа или поради тоа што се случила на популарно место. Ова не е обична сообраќајка поради начинот на кој е сторена, односно големиот број на сообраќајни пропусти на строител, а највеќе поради загубата на животот на младата Фросина Кулакова. Овие околности придонесоа, правна квалификација, во нејзиниот најтежок квалифициран облик. За вакво нешто, за да се утврди, беа прибавени докази во поприличен број. Четири вештачења, од кои се издвојува сообраќајното вештачење кое е податливо. Беа испитани осум сведоци од кои најголем број се очевидци, има материјални докази. Обвинетиот е осудуван, иако тој не спомена дека бил осудуван кога ги даваше своите генералии, рече обвинителот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk