На мапата која што ја објави лендгеист.ком може да се види колку затвореници во Европа во текот на 2020 година избегале на 10.000 затвореници. Ова вклучува и осудени лица кои се фатени. Најголемите бројки се забележани во Македонија 691, Холандија 315, Шведска 284 и Нордиските земји...Има и некои земји кои што немаат пријавено бегалци.
Тие се Албанија, Малта, Црна Гора, Кипар, Сан Марино, Чешка, Словенија, Северна Ирска и Латвија... Сан Марино не е изненадување бидејќи имале само еден затвореник во 2019 и ниту еден во 2020 година.

Исто така се забележува дека некои земји со помала популација, Андора, Луксембург и Македонија имаат висока стапка на бегалци од затвор. Во земјите со мала затворска популација мал број бегства веќе можат значително да ја зголемат стапката на бегство од затвор.
Оваа мапа е пресметана од бројот на затвореници по 100.000 жители. Земјите со помала стапка за затвореници имаат и повисока стапка на избегани осудени на затворски казни.
Нордиските земји и Холандија ги имаат едни од најмалите стапка на затвореници, но исто така и една од најголемите стапки на побегнати осудени лица.
Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата