logo
logo
logo

Македонија сака влез во Европа БЕЗ ВАКЦИНИ И ПОСЛЕДНА ПО КУПЕНИ РЕСПИРАТОРИ

Vecer | 04.03.2021

Македонија сака влез во Европа БЕЗ ВАКЦИНИ И ПОСЛЕДНА ПО КУПЕНИ РЕСПИРАТОРИ

Македонија е во врвот според смртност од Ковид 19 во Европа, што е основен показател колку здравствениот систем успеал да се носи во борба против пандемијата. Патем, Македонија е и единствена држава во Европа која за 12 месеци од пандемијата потфрлила на сите три превентивни полиња - не купила ниту еден респиратор во првиот бран на епидемијата, ниту едно амбулантно возило и - ниту една вакцина сега, пет месеци откако вакцините против Ковид 19 се во употреба.

Ова се три елементи кои ја градат сликата за Македонија и држвната грижа за здравјето и животите на граѓаните. Притоа, не е во проблемот во парите бидејќи за 12 месеци од пандемијата потрошен е целиот буџет од над 3,5 милијради евра и земени се кредити од околу 2,5 милијарди евра со што Македонија има рекордна задолженост во својата современа историја - со близу седум милјарди евра долг.

Мо март/април минатата година беше најавено дека ситуацијата е под контрола, а се очекуваат околу 2.500 заболени од Ковид 19, а деновиве Македонија брои околу 3.200 - починати од Ковид 19.

Податоците за тоа кој како се однесувал и какви резултати од вакцинацијата има во регионот прецизно покажуваат каде се наоѓа македонското здравство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk