logo
logo
logo

Македонците во Букурешт ИСПИЛЕ ТРИ ЦИСТЕРНИ ПИВО!

Vecer | 19.06.2021

Македонците во Букурешт ИСПИЛЕ ТРИ ЦИСТЕРНИ ПИВО!

Македонските навивачи во Букурешт испиле околу 70.000 до 75.000 литри пиво во период од само четири дена

пренесоа романските медиуми. 3500 до 4000 фанови заминаа за Романија, да навиваат за фудбалерите на

Македонија, кои го имаат првиот настап на едно Европско првенство.

За околу 96 часа, Македонците во само пет локали во стариот град испиле 3 цистерни на пиво (25.000 литри собира

една цистерна). Една кригла од 0,5 литри се продава за 15 леи (три евра).

Сè на сè со една груба пресметка, со хотели, пиење, јадење и влезници, Македонците потрошиле околу 1.200.000

евра. Во просек по 300 евра по човек.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk