logo
logo
logo

Македонците од Пиринска УДРИЈА ОСТРО ПО ЉУБЧО Г.

Vecer | 13.03.2021

Македонците од Пиринска УДРИЈА ОСТРО ПО ЉУБЧО Г.

Љубчо Гергиевски и Владо Бучковски се трудат, во секоја прилика, да ги убедат Македонците дека се - Бугари. А тие двајца се советници на премиерот Заев во преговорите со Бугарија за заштита на македонските позиции.

Македонците од Бугарија, од Пиринска Македонија, имаат јавен одговор за ставовите на Љубчо Георгиевски:

“Сер Љубчо Георгиевски, ние етничките Македонци кои сме родени, живееме и работиме во Пиринскиот дел од Македонија, сме напишале и печателе во печатачите во Благоевград и во Софија поголем број од нашите весници на бугарски јазик. Но, ние сме Македонци!

Ова на екс премиерот на Република Македонија, Љубчо Георгиевски, му го порачуваат Македонците од Пиринска Македонија.

-Печатиме во печатниците на Благоевград на бугарски јазик и поголем број од нашите програмски документи на нашите македонски здруженија, Македонска организација, Македонска партија (Статути, Правила, летоци итн. ). Но, затоа што нашите весници и нашите документи се напишани на бугарски не значи, и не не прави Бугари. Ние сме Македонци. Етнички Македонци!- пишува во објавата на Фејсбук, Атанас Кирјаков, еден од најголемите активисти во македонските организации во Пиринска Македонија.

Ви пишуваме, се додава во објавата, за интервјуто во кое споменувате дека сите документи на МРО, ТМОРО, ВМОРО, ВМРО (Статути, Правила, писма и друго.) се напишани на литературен бугарски јазик.

– Разбравме и дека нудите решение од 5 точки за,, излегување од ќорсокакот, спор помеѓу П. Бугарија и Р. Македонијо, како во една од точките што ги нудиш П. Македонија изјавува дека се откажува од македонското малцинство во Бугарија. Ако ова е точно, и ако лично се откажете од нас, тогаш сепак ви благодариме за помошта за нашиот весник „Народна волја“ и што ви помогнавме во изминатите години за однесувањето на другите наши културни настани во Пиринскиот дел на Македонија, објавува Кирјаков.

Објавуваме, завршува објавата, фотографии од некои од нашите македонски весници кои се објавени на бугарски јазик во Пиринско.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk