logo
logo
logo

Локалните избори ЌЕ СЕ РАСПИШАТ НА КРАЈОТ НА ЈУЛИ ИЛИ АВГУСТ

Vecer | 24.04.2025

Локалните избори ЌЕ СЕ РАСПИШАТ НА КРАЈОТ НА ЈУЛИ ИЛИ АВГУСТ

Локалните избори ќе се распишат кон крајот на јули или во почетокот на август, соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите.

Тој информира дека е побарано да се одржи јавна расправа во Собранието околу измените на Законот за локална самоуправа кои од Министерството за локална самоуправа се најавуваат веќе одреден период

Гаши нагласи дека на следната пленарна седница која треба да се одржи на 29 април се очекува да биде ставена интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на Левица.

– Причина за интерпелацијата е поради тоа што Тошковски, од позиција на министер за внатрешни работи, грубо ја занемарил и несоодветно ја извршувал својата јавна функција, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во МВР – рече пратеникот на Левица, Сашко Јанчев на 14 април кога информираше дека ја поднесуваат интерпелацијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk