logo
logo
logo

Лоциран КЛАСТЕР НА ЛИЦА ЗА ДОЈАВИТЕ ЗА ЛАЖНИ БОМБИ

Vecer | 29.03.2023

Лоциран КЛАСТЕР НА ЛИЦА ЗА ДОЈАВИТЕ ЗА ЛАЖНИ БОМБИ

Според министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за лажните дојави за бомби кои со месеци сееја страв во училиштата, но и останати јавни и приватни објекти, веќе е лоциран кластер на лица и истите веќе се повикани на разговор и се обезбедувале докази за нив.

Тој додаде дека последната кривична пријава во врска со овие лажни пријави е поднесена на 22.03.2023, против еден малолетник.

„Со преземање на низа активности во рамките на институциите не дозволивме ни во еден момент да се наруши безбедноста на институциите. Преку опсежните истраги што ги спроведовме лоциравме кластер на лица кои учествувале во тие лажни дојави, веќе се повикуваат на разговори во полициски станици, одземени се нивни телефони и продолжуваме кон обезбедување на сите докази“, рече Спасовски за утринската емисија на МТВ.

Тој се осврна и на промената на протоколите за постапување при ваквите ситуации.

„Протоколите беа променети заради нивната застареност и несоодветствувањето на новите прилики со денешните, наспроти времето кога се донесени. На пример, електронските дојави воопшто не беа опфатени со тие протоколи. Како држава ќе продолжиме интензивно да ја зајакнуваме својата сајбер безбедност, процес во кој влегуваат сите држави во регионот и пошироко“, истакна министерот Спасовски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk