Вечер.мк дознава дека Љупчо Палевски бил фатен со пиштол без дозвола во близина на тунелите Демир Капија – Јаворица.
Според информациите до кои дојде Вечер.мк Палевски бил фатен заедно со уште три други лица како бараат злато, а се обидел да го фрли пиштолот за кој имал само дозвола за поседување, не и за носење.
Случајот е наведен и во билтенот на МВР.
На 05.05.2023 околу 00.30 часот на земјен пат во непосредна близина на тунели Демир Капија-Јаворица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ од лицето Љ.П.(58) од Скопје одзеле пиштол „Валтер“ калибар 9 мм, кој го носел без дозвола, стои во билтенот на МВР.
Како што се додава против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата