logo
logo
logo

Љубовен триаголник во Општина Карпош заврши со повреда од нож и откази од работа

Vecer | 27.07.2021

Љубовен триаголник во Општина Карпош заврши со повреда од нож и откази од работа

Вработен во скопската општина Карпош вчера нападнал со нож сопруг на вработена во Општина Карпош. Едно лице завршило во градската болница „8 Септември“. Интервенирала и полицијата и општината.

Полицијата го испитува случајот, а градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев доделил отказни решенија на две лица, напаѓачот и жената, ангажирани со договор на дело.

Во текот на вчерашниот ден се појавија шпекулации дека се работи за советници на општината, но Богоев информираше дека вмешаните во крвавата драма биле времено вработени во општинската администрација.

МВР информираше дека вчера во 11,30 часот по претходна расправија С.А. (34) со остар предмет му нанел повреда на В.К. (37), двајцата од Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk