logo
logo
logo

Лишен од слобода неготинец, нападнал малолетник во сендвичарница

Vecer | 27.04.2024

Лишен од слобода неготинец, нападнал малолетник во сендвичарница

Лишен од слобода неготинец кој нападнал малолетник во сендвичарница во Неготино. Случајот го пријавил таткото на малолетникот, информира денеска Биљана Ѓаковска, портпаролка на СВР Велес.

Таа извести и дека во кавадаречко било пријавено исчезнување на 76 – годишно лице, по кое се уште се трага.

-Утринава во 00.10 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода С.Д.(39) од овој град, постапувајќи по пријава на неготинецот И.С.(44), според која, во сендвичарница во градот, тој физички го нападнал неговиот малолетен син. С.Д. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појасни Ѓаковска.

Вчера во 10.30 часот, во ОВР Кавадарци, К.С.(74) од Кавадарци пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот сопруг С.С.(76), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Дознаваме дека лицето го бараат полицајци, блиски роднини и други луѓе, пожарникари, планинари и велосипедисти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk