logo
logo
logo

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Vecer | 09.11.2024

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Денеска (09.11.2024) во 01.45 часот на локален пат кај место викано „Понов мост Богородица“ полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Богородица, го лишиле од слобода Б.М.(51) од Гевгелија, затоа што при извршен преглед во патничко возило „форд фокус“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени четири лица-мигранти од Либан, соопштија од МВР.

Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија, додаваат од таму.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk