Откако беше најавено, сега и странските медиуми објавија дека Лидл доаѓа во Македонија, а интересот на „Лидл“ за отворање супермаркет во земјава следи откако неговата продавница отворена во јануари во Врање, привлече голем број купувачи од Македонија, но и од Косово.
По влегувањето во Словенија, Хрватска и Србија, германскиот трговски синџир „Лидл“ ќе го отвори својот прв супермаркет и во Македонија, објави специјализираниот портал „Јуропеан Супермаркет Магазин“ (ЕСМ), со седиште во ирскиот главен град Даблин.
Според ЕСМ, германската компанија минатиот месец регистрирала своја подружница во земјава под името „Лидл Македонија“, која ќе биде под надлежност на бугарскиот огранок на „Лидл“ и со неа ќе раководат Милена Драгијска, Бисер Инчовски и Љубомир Хрсев.
Предвидено е „Лидл“ на стартот да инвестира 500.000 евра во земјава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата