logo
logo
logo

Лидерите на ДОМ, ДС и ЛДП на средба со Пендаровски за францускиот предлог

Vecer | 04.07.2022

Лидерите на ДОМ, ДС и ЛДП на средба со Пендаровски за францускиот предлог

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов и претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски, партии кои се дел од владината коалиција. На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, Морачанин, Трајанов и Милевски, ги образложиле партиските согледувања за францускиот предлог и ги истакнале нивните загрижености. -На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и за модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. Лидерите на трите партии ги образложија партиските согледувања за францускиот предлог, и ги истакнаа нивните загрижености во однос на истиот, информираа во соопштението од Кабинетот на Претседателот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk