logo
logo
logo

Лице се јавило во билетарницата на МНТ: ИСПРАЗНЕТИ НЕКОЛКУ ОБЈЕКТИ ВО ЦЕНТАРОТ (Видео)

Vecer | 30.11.2021

Лице се јавило во билетарницата на МНТ: ИСПРАЗНЕТИ НЕКОЛКУ ОБЈЕКТИ ВО ЦЕНТАРОТ (Видео)

Полицијата постапува по пријава за напад, откако едно лице се јавило во 16:45 во билетарницата на МНТ, информираа за МИА од МВР откако вечерва беа евакуирани неколку објекти во центарот на Скопје.

– Станува збор за стандардни мерки на МВР после ваква добиена пријава и веднаш штом ги завршиме проверките и веродостојноста на информацијата ќе ја известиме јавноста соодветно. Апелираме граѓаните да останат смирени, а медиумите да ги пренесуваат официјалните и точни информации, наведуваат од МВР.

Неколку објекти меѓу кои и зградата во која се сместени МИА, СЕП, ДКСК, Финансовата полиција, Инспекторатот за животна средина, вечерва се евакуирани. На вработените им е кажано веднаш да излезат од објектите. Испразнети се и зградите на А1, на МНР и соседните објекти во центарот на Скопје.

Полицијата не дозволува движење на луѓе и возила кон Мавровка, МНТ и МРТ, а блокирани се и околните улици и крстосници. Забележливо е зголемено присуство на полицијата и полициски возила.

Засега нема официјални информации што точно се случува. Според непотврдени информации, станува збор за дојава за подметнат експлозив.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk