logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

„Левица се поклони на Енвер Хоџа, комунистички диктатор, величење на човек познат по тортурата и кршење на човекови права“

Vecer | 12.04.2023

„Левица се поклони на Енвер Хоџа, комунистички диктатор, величење на човек познат по тортурата и кршење на човекови права“

ВМРО-ДПМНЕ ја осудува постапката на неформалниот коалициски партнер на СДС и ДУИ, Левица која се поклони на Енвер Хоџа, комунистички диктатор. Станува збор за величење на човек познат по тортурата и изразена недемократија и кршење на човекови права, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што пишуваат „приврзокот на власта, фолирантот Апасиев не може во исто време да се поклонува на Енвер Хоџа, и да го бара родното место на Гоце Делчев“.

-  Шизофрената позиција водена од дневните потреби на власта за ПР, Апасиев го одведе до таму да го слави комунистичкиот диктатор. Можеби ДУИ и СДС како наследници на комунистите се чувствуваат задоволни што поранешниот советник на СЈО Апасиев е вреден обожувач на нивната идеологија, но ова нема врска со демократски вредности и само ја опишува специфичната состојба во која се наоѓа власта. Ги повикуваме ДУИ и СДС да го осудат ваквиот чин на нивниот коалициски партнер и спаринг играч Левица, истакнуваат тие.

Додаваат дека со ова Апасиев и Левица докажаа дека нивната политика и идеологија е тортура врз сопствениот народ и поддржуваат насилни методи на цензура и насилно владеење, како што всушност владеел и самиот Енвер Хоџа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk