logo
logo
logo

„Левица“ поднесе предлог-закон за драстично намалување на патните трошоци на пратениците

Vecer | 28.04.2021

„Левица“ поднесе предлог-закон за драстично намалување на патните трошоци на пратениците


Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, денес до собранискиот спикер поднесоа Предлог-закон за изменување на Законот за пратениците во делот на патните трошоци.

„ Со овој закон, „Левица“ предлага четирикратно намалување на досегашните патни трошоци (од 20% на 5% од продажната цена на литар гориво за изминат километар). Ова практично значи дека патните трошоци ќе бидат сведени на реалната цена на чинење на патен билет во меѓуградски превоз“ велат од партијата.

Оттаму појаснуваат дека овој Предлог-закон е плод на широка компаративно-правна анализа на регулативите на земјите од ЕУ и Западен Балкан, којашто во изминатите неколку месеци ја спров нивниот правен тим, а од која, како што велат, само им се потврдил ноторниот факт дека Република Македонија за еден мандатен период на Собранието е рекордер во Југоисточна Европа по потрошените јавни пари за патни трошоци на парламентарците.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk