logo
logo
logo

Лекции по право од судот за јавната обвинителка во процесот против Жан Митрев

Vecer | 25.11.2024

Лекции по право од судот за јавната обвинителка во процесот против Жан Митрев

Импровизациите во толкувањето на законот на јавниот обвинител Искра Хаџи Василева која го застапува обвинението против Жан Митрев го принудија Судот во присуство на јавноста да и’ одржи лекција по право на обвинителката дека не постои само сведок во постапката кој што или сведочи за суштински околности или само за имотно-правно побарување, туку дека во кривичната постапка учествува и оштетеното лице заради остварување на имотно-правното побарување.

„Оштетените лица се повикуваат затоа што Вие (обвинителке) предложивте читање на нивни записници, но такво нешто не е можно без да бидат повикани оштетените пред Судот и токму по вашиот список Судот ги повикува оштетените да бидат сослушани.”

Оваа лекција следуваше откако обвинителката ја нападна одбраната дека приговара а тоа не било дозволено и дека целта е одолговлекувањето на процесот и дека таа предложила само 15 сведоци, а не 283 оштетени.

По лекцијата на Судот на сите им стана јасно дека причината за одолговлекување на постапката е токму обвинението конципирано дека наводно се оштетени 283 лица заради лекување во приватна болница.

Крајниот впечаток беше дека всушност настапот на обвинителката со континуирани напади на одбраната и бесконечно повторување дека одбраната го одолговлекува процесот со своите приговори се заснова на желба обвинетиот воопшто да нема одбрана која би ја вршела својата должност, па дури со повикување на законот дека законот не ги предвидувал правата на одбрана без повикување на конкретна одредба, затоа што според неа било навреда за судот таа да се повикува на членови.

На ова следуваше прецизно цитирање на членови од Законот за кривична постапка од страна на судијата за начинот на повикување и сослушување на оштетените.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk