logo
logo
logo

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ бара да се избрише член 6 од Законот за лична карта со кој се предвидува името Република Македонија да биде заменето со новото име

Vecer | 16.02.2021

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ бара да се  избрише член 6 од Законот за лична карта со кој се предвидува името Република Македонија да биде заменето со новото име

Миле Лефков, Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување емисијата 24 Анализа зборуваше за додавање на етничката припадност во личната карта и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ бара да се избрише член 6 од овој закон за лични карти кој предвидува името Република Македонија да биде заменето со ново Уставно име.

- Личната карта претставува еден вид на внатрешен пасош. Сето она кое што се случи односно во ситуацијата  во која Зоран Заев и неговата надворешна политика го стави македонскиот народ во една нерамноправна положба затоа што според Преспанскиот Договор е утврдено државјанството да биде Македонец/Граѓанин на Република С. Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ овој закон  го услови со еден амандман. Единствениот амандман кои ние го поднесовме е на предлог законот е да се избрише членот 6 кој предвидува името Република Македонија да биде заменето со ново име, вели Лефков и додава дека:

„Самиот амандман е оправдан затоа што тој рок е предвиден во уставниот закон за усогласување кој што дава преоден рок од 5 години. Тоа  е нашето условување да го поддржиме овој закон.

Не е вообичаено да биде внесена етничката припадност во лична карта меѓутоа кога треба ние да имаме една дивоградба кој се викаат граѓани на С. Македонија и сега имаме прилика во личната карта на секој Македонец да пишува дека е Македонец, да ние ќе ја дадеме нашата поддршка, рече пратеникот Лефков во своето гостување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk