logo
logo
logo

Лефков: Владата е толку неспособна, што новинарите сами си најдоа начин да се вакцинираат

Vecer | 24.03.2021

Лефков: Владата е толку неспособна, што новинарите сами си најдоа начин да се вакцинираат

„Проблемите во владејачкото мнозинство тргнуваат поради тоа што помалите партии, коалиционите партнери на Заев не сакаат на свое конто да ги земаат одговорностите поради грешките на Заев. Токму од тие причини и ние како опозиција излеговме во неколку наврати и рековме дека широка коалиција практично со Заев е невозможно.

Невозможно е во овој момент вие да функционирате и да работите во Влада каде што Заев ќе има негови министри и вие ќе имате ваши министри. За тоа што самиот хаос кој што тој го наведува создава една ситуација во која што никој со здрав разум не би се нафатил да функционира во Влада со Заев, кој што е коруптивен, крајно неорганизиран, и сите негови постапки имаат само една цел, а тоа е да кажеме политичка промоција и негово политичко етаблирање како лидер, впрочем ги видовме и овие изборите севернокорејски како укажаа дека тоа е негова единствена цел“,истакна Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ при гостување во радио „Лидер“.

Лефков додаде дека најдобра солуција е експертска влада која ќе функционира до распишување на нови предвремени парламентарни избори.

„Венко обезбеди вакцини, тој како кажуваше дека секој месец обезбедува вакцини, еден месец 200.000, па потоа 800.000, второ станавме огромен притисок на министерот, тој имаше приоритетна обврска да гласа за Заев да стане претседател на СДСМ. Дури и прв стана и му честита на Заев. Додека светските лидери најавуваа дека се во војна со непознат непријател мислејќи на КОВИД-19, во нашата земја власта не водеше војна туку се однесуваше како да има герила акција, граѓаните беа оставени сами да се снаоѓаат како знаат и умеат, и тоа од почетокот на пандемијата“, рече Лефков.

Лефков посочи дека вакцинирањето на новинарите во Врање е поради тоа што новинарите се снајдоа како да се заштитат, кога веќе државата не се грижи за нив. Новинарите сами си го решија својот проблем, односно благодарејќи на нивните контакти успеаја да се вакцинираат. Македонија со оваа нефункционална власт нема да успее граѓаните да ги заштити со вакцина од КОВИД-19.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk