logo
logo
logo

Лажни растурачки на магии МАМЕЛЕ жени во Штип и Кочани

Vecer | 05.03.2021

Лажни растурачки на магии МАМЕЛЕ жени во Штип и Кочани

Две жени од Штип и Кочани биле измамени од гатачки, а случаите ги пријавиле вчера.

Како што информира портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, првата измама се случила на 3 март откако две лица дошле во дворот на штипјанката (50) и под изговор дека знаат да гледаат, ја довеле во заблуда и ѝ одзеле златен накит.

Вториот случај се случил вчера во 16 часот во Кочани. Измамената 66-годишна жена пријавила дека женско лице дошло во нејзиниот дом и под изговор дека знае да растура магии, ја довело до заблуда. И во овој случај е одземен златен накит.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk