logo
logo
logo

Лазаров не е единствениот - УШТЕ ДВАЈЦА МЛАДИ СПОРТИСТИ МЕЃУ ЗАГИНАТИТЕ

Vecer | 17.03.2025

Лазаров не е единствениот - УШТЕ ДВАЈЦА МЛАДИ СПОРТИСТИ МЕЃУ ЗАГИНАТИТЕ

Фудбалерот Андреј Лазаров не е единствениот спортист кој загина во пожарот во дискотеката во Кочани.

Локалната телевизија М Нет јави дека меѓу жртвите е и 18-годишниот голман Дамјан Танески од Штип.

„Низ својата млада кариера која доправа требаше да се развива и да го чува голот, настапуваше за Мал Ајакс од Штип, беше во младинските категории на скопски Вардар, потоа беше дел од Брегалница и Кит Го од Пехчево“, информира телевизијата.

Меѓу загинатите е и 20-годишниот кошаркар Петар Ивановски. Трагичната вест ја потврдија од неговиот матичен клуб.

„Со голема тага ја примивме веста каде што нашиот соиграч Петар Ивановски е една од жртвите во синоќешната трагедија.

Тој беше голем човек со големо срце, беше голем борец и беше МВП на турнир М-14. Тагата е преголема, сочувство до семејството“, напишаа од Дино баскет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk