logo
logo
logo

Се огласија од Клиничкиот центар во Белград ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПАЦИЕНТИ; ДЕЛ СО ИЗГОРЕНИЦИ НА 25% ОД ТЕЛОТО

Vecer | 18.03.2025

Се огласија од Клиничкиот центар во Белград ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПАЦИЕНТИ; ДЕЛ СО ИЗГОРЕНИЦИ НА 25% ОД ТЕЛОТО

Вчера во Ургентниот клинички центар во Белград во пожарот што избувна во „дискотеката на смртта“ во Кочани пристигнале уште осум посериозно повредени пациенти, со што вкупната бројка се искачи на 17.

За нивната состојба утрово зборувал д-р Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при тамошниот Ургентен центар.

– Сите пациенти имаат тешки сериозни повреди опасни по живот. Од осумте, тројца се на респиратор, што значи дека им е потребна механичка вентилација. Површината на телото погодена од повреди на изгореници се движи до 25%. Нагласувам дека сите тие имаат симптоми на интоксикација и изгореници на дишните патишта и затоа повредите се опасни по живот. По приемот започнаа дијагностички и терапевтски процедури. Од осуммина, седум се лекувани во услови на операциона сала, рече д-р Стојичиќ за РТС.

Во тек се и консултации со неврохирурзи, ОРЛ специјалисти, пулмолози, како и радиолошки прегледи.

– Сите кои беа згрижени во текот на ноќта се стабилни, со стабилни витални параметри. Што се однесува до пациентите оперирани претходниот ден, тие се хемодинамски стабилни, нивниот третман продолжува, што секако ќе трае долго, истакнал докторот.

Од првите девет пациенти пренесени од Македонија во КЦС, седум биле лекувани во првиот бран во операционата сала. Еден пациент бил во тешка состојба и бил на респиратор, а неговата општа состојба е непроменета – останува во тешка општа состојба.

– Некои ќе се третираат конзервативно, а други хируршки. А тој хируршки третман веќе е планиран за утре или задутре. Детални информации ќе имаме денеска бидејќи денеска проценуваме кои се кандидати за хируршки третман. А доколку има потреба од донатори на кожа ќе ве информираме за тоа, додал д-р Стојичиќ.

Да потсетиме, најмладата жртва има 14 години, а најстарата 25 години. Потврдено е дека меѓу жртвите има и тројца малолетници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk