Одговор на нoвинарот Драган Павловиќ Латас на партиската и политичка хајка на социјалните мрежи:
Е па пријатели, еве сме да се забавувате вие а нервираме ние со уште една соросоидна и есдесемовска типична, класична хајка. Видена многу пати досега, ова е последната нивна епизода. Тема Латас и секс, силување на 14 годишниот Латас врз непозната повозрасна девојка... велат тие, наводно кажано при гостувањето во поткаст емисијата Лазаров на Јутјуб.
Но пред тоа, веднаш да го лоцираме изворот, главниот поддржувач на сорсоидите, негова платена војска кога ќе му затреба. А сега му треба дефокус од многу теми, како аферата во Фондот за здравство, на пример.
Станува збор за Зоран Заев, фронтменот на нивната шарена револуција, заштитникот на Катица Јанева и СЈО, со се што следи во и околу нив.
После сите ботови на нивните социјални мрежи, платени невладини и партиски функцинери од пратеници со женски форум на СДСМ, се јави и шефот. Главата на хајките - Зоран Заев.
Во негова изјава која ја објавува неговиот портал Мактел, партнерот и другарот на Марјан Доказ со години, Зоран Заев изјавува:
(Латас) Многу лош и злобен човек, му помогнав и нему и на неговиот син кој требаше да се лечи во Германија, дојде да ме моли и да плаче во кабинет кога станав премиер, јас простувам и не сум злопамтило особено помагам на оние кои се во невоља без разлика што направиле против мене и моето семејство… Нека му служи на чест што ниту е благодарен па дури и ја манипулира и лаже јавноста дека сум сакал да му наштетам и да му се одмаздам – изјави Заев за Мактел.мк
То е тоа, пријатели. Машина за лаги, спинови, пакувања истраги, прогони, патрон на судството и лидер на обвинителствто... Зоран Заев и неговите соросоиди.
Никогаш, никаде, ни приватно ни службено, ни на улица ни во канцеларија... никаде не сум се сретнал со Зоран Заев освен при неговото гостување во Сител.
Никогаш, ниту телефонски, не сум разговарал со него, и немам негов телефонски број. Заев лаже. Заев лаже. Заев лаже, ама тоа ви е на сите познато. Но, ни јас не сум верувал дека е гнаса до ова ниво.
Да изјави дека “сум плачел кај него во канцеларија за да молам помош да се лекува мојот син во Германија“ е најдолна можна манипулација со трагедија на едно семејство во таква ситуација и со судбина и состојба на, во тоа време, болен млад човек.
Бидејќи никогш не сум се ни сретнал ни слушнал со Зоран Заев ова е лага. И тоа пакувана со злоба и подлост.
Болен од карцином, мојот син се лекувал исклучиво со приватни пари за што постојат фактури, обезбедени со проджба на стан, за што е известено и СЈО за да знае која е целта и намерата за продажба на станот и парите од него.
А Зоран Заев вели “плачеше кај мене во кабинет да му помогнам...“. Па, просудете сами со кого имаме работа. Ова е веќе на граница на неговата ментална состојба, ако не и потаму.
Како би се чувствувал било кој од вас во оваа прилика? Патронот на хајките не издржа да не се појави и сега, и стави тонч на нивната хајка. Политичка. Партиска. Заевистичка, со ова потпишан лично од него.
А за хајката....
Во моето гостување кај Лазаров остварено по неколку недели барање за гостување и неколку пати мое предупредување дека гостување на лице од политички свет со голем авторитет и влијание е ризик, дали е сигурен дека знае да се носи со тоа... Лазаров потврди, и гостувањето се реализира.
Во емисијата, која е од сосема лабав и неформален карактер, Лазараов прашува за приватни теми, како за прв секс. Млад водител, млада публика, прашање кое за нив е актуелно.
Одговорот за мојот прв секс е дека се случил некаде на 14-15 години, со повозрасна девојка која тој чин им го пружила на четири пет млади од моето маало, а за возврат барала секој од нас од неа да биде истетовиран што и се случило. Тоа е за мене.
Подоцна, Лазаров ја шири темата за пубертетскиот сексуален живот во тоа време. Спомнувам друго лице, не себе, кое имало фетиш да ошамари девојка пред да има секс со неа... Тој а не јас. И тоа лице ме повикало од клуб и покажало девојка во фиќо со зборови “ај сеа, работи...“
Нема моја изјава дека е силувана. Нема мојава изјава дека јас сум имал било што со таа девојка. Разговорот тука престанува на таа тема и оди на други.
А другите теми се фатениот соросоид Борјан Јовановски за перење пари при упадот во А1 Телевизија, молбата до Груевски да тера што сака со Велија но да не се затвара А1, за финансирањето на А1 Телевиија од Сорос фондацијата во Македонија, за одмаздата на Зоран Заев по неговото гостување во Сител... Си се нашле и препознале, организирале и по четири дена емитување на таа емисија на Јутјуб, како по команда, одеднаш, почнува масовна хајка по нивните социјални мрежи, портали, пратеници и форум на жени од партијата СДСМ.
Четири дена под видеото има педестина само позитивни коментари за емисијата и, во недела, одеднаш - експлозија. Хајка.
Пратеник од СДСМ бара мое апсење, веднаш. СДСМ бара укинување на Јутјуб каналот Лазаров кој има најмногу следбеници во Македонија, и повлекување на спонзорите. На нивните портали се појавува слика на младиот Лазаров огрнат со македонско знаме на протести против францускиот предлог за бугарското вето... Политика. Политика. Политика. Хајка и одмазда.
За да нема дилема, истата вечер печат и точка на констатацијата дава и Зоран Заев со својата изјава.
Заев добро знае дека и ние знаеме кај кои претседатели на судови, судии и обвинители се јавува за прогон, а и за дилови ако треба нечие ослободување. Можеби има телефонски снимки, можеби и сведоци за тоа... времето ќе покаже, а времето што доаѓа не е наклонето на Заев и неговите.
Се повеќе судии кои последниве години го напуштиле судството се поголеми критичари и од мене на независноста и пресудите во полза на СДСМ. Има и професори по кривично и уставно право со такви констатации. Јавноста на неговото обвинителтво и судство им верува само 3-4%... затоа што станаа инструмент за вакви хајки и покривање на корупција.
Да повторам, тоа што ми беше поводот, никогаш никаде ни во која било прилика не сум имал средба или разговор со Зоран Заев, освен на интервјуто со него на Сител. Тоа што таму го кажав важи и денеска, преслушајте го, се што е кажано таму денес до запирка е остварено.
Подолу имате линк од изјавата на Заев за Мактел
https://maktel.mk/slider/%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B2-%D0%BF%D0%BE-%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B2%D1%98%D1%83-%D0%BE%D1%82%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D0%BA%D0%BE%D0%B3%D0%B0/
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата