logo
logo
logo

Латас: Стратегијата на СДСМ е да се уништи човек како личност, не направија земја на зомбија кои се хранат со крв

Vecer | 21.04.2021

Латас: Стратегијата на СДСМ е да се уништи човек како личност, не направија земја на зомбија кои се хранат со крв

Големата слика е дека со СДСМ,  Македонија стана земја на зомбија, луѓе кои се хранат со туѓа крв, вели новинарот Драган Павловиќ Латас за „Заспиј ако можеш“ на Алфа, додавајќи дека стратегијата на СДСМ отсекогаш била да се уништува човек како личност, да му се уништува фамилија, да му се влезе во приватност и да се прикажува како монструм.

Тој истакна дека тоа е механизмот кој СДСМ го воспостави уште кога Канвас во 2013/14  почна да прави школи и нарави труње на општеството.

- Тие не направија ниедна улица, канделабрите дури ги тргнаа, забранија да се завршат згради, а не направија ништо, не дадоа поголеми пензии, плати, луѓе 54 000 не зедоа плата за март, сега треба некој да страда за СДСМ да се хране со крв. Сега ние сме во ситуација да луѓето живеат од крв, кого ќее обеси, затвори, сликање со лисици, уништување на приватен живот, вели Латас.

Тој истакна дека за разлика никогаш релевантен новинар кој не е близок до СДСМ не објавил ништо, особено не од приватните животи на Црвенковски, Заев, Бучковски, Шекеринска, но на СДСМ тоа му е стандард.

- Не се размислува за економија и работни места, не зборуваме за вакцини, здравство, образование а учебници сакаат да укинуваат.  Сега Заев е во криза затоа што неговите добија лоши оценки од Репортери без граници и сега треба да даде крв, нагласи Латас

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk