logo
logo
logo

Ласовска: Вакцини со Заев и Филипче нема, бидејќи за нив профитот е пред здравјето на граѓаните

Vecer | 10.03.2021

Ласовска: Вакцини со Заев и Филипче нема, бидејќи за нив профитот е пред здравјето на граѓаните

Благица Ласовска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“  во интервју за „Утрински Брифинг“ посака на своите колеги од владејачкото мнозинство побргу опоравување од КОВИД пандемијата.

„И овој случај вината, тасот на вагата оди на одговорноста на власта. Зошто  нема вакцини? Каде се вакцините? Не мора да се споредуваме со европските држави, да не одиме далеку, еве да се споредиме со земјите во регионот, со Србија и ќе видиме дека ние по однос на набавка на вакцини сме на дното. Еве, денеска прочитав една интересна информација дека од вчерашното интервју на премиерот Зоран Заев кој кажа нели дека преговарале со некаква кинеска фирма по приватни канали, денеска прочитав дека таа приватна фирма била фантом фирма. И на каков заклучок ваква информација ве носи? Тоа ве носи до заклучок дека профитот е пред здравјето на граѓаните“, нагласи Ласовска.

Ласовска ги повика медиумите оваа информација во врска со фантом фирмата да се истражи.

„Не може вие да глумите пред јавноста дека сте загрижени, дека имате дури два милиони вакцини. Каде се тие вакцини? Дури не можат ниту планот онака како што треба да го спроведат“, рече Ласовска.

Ласовска додаде дека премерот Зоран Заев пред неколку дена демонстрираше некоја си сила, односно дојде да си ги дисциплинира пратениците. А, тоа е невидено досега.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk