logo
logo
logo

Лани македонските граѓани СЕ ИЗНАВОЗЕЛЕ СО ТАКСИ 14,3 МИЛИОНИ ПАТНИЦИ

Vecer | 15.05.2024

Лани македонските граѓани СЕ ИЗНАВОЗЕЛЕ СО ТАКСИ 14,3 МИЛИОНИ ПАТНИЦИ

Минатата година со такси превезени се 14 341 000 патници, од кои 12 749 000 во градскиот превоз, а во меѓуградскиот 1 592 000 патници, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Со 1 556 патнички автомобили опфатени во истражувањето се изминати вкупно 55 793 000 километри, од кои 47 487 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 8 306 000 километри.

Податоците за такси-превозот се добиени од 227 извештајни единици.

ДЗС споделува податоци и за потрошувачката на гориво: 184 тони бензин, 2 752 тони дизел и на 2 239 тони автогас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk