logo
logo
logo

Куршумли ан прогласен за културно наследство од особено значење

Vecer | 02.03.2022

Куршумли ан прогласен за културно наследство од особено значење

На предлог на Управата за заштита на културното наследство, Владата денеска на 19-тата седница донесе одлука за прогласување на Куршумли ан во Скопје за културно наследство од особено значење.

– Куршумли ан е изграден во средината на ХVI век и претставува споменик на културата. Со оваа одлука се овозможува негово трајно зачувување во изворна состојба, ширење на вредностите и значењето на Куршумли ан, како и спречување дејствија, појави и влијанија со кои се врши или може да настане оштетување или деградирање на овој културно-историски споменик од архитектонското наследство, соопшти владината прес-служба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk