logo
logo
logo

Тони Михајловски: ЧЕТИРИ ГОДИНИ ЈА ЗАКОПУВААТ КУЛТУРАТА

Vecer | 07.02.2021

Тони Михајловски: ЧЕТИРИ ГОДИНИ ЈА ЗАКОПУВААТ КУЛТУРАТА

Актерот Тони Михајловски по однос на случувањата во културата во Македонија деновиве, реагира велејќи дека власта четири години ја черечи и закопува културата.

- Пљачкосуваат преку проекти на празни листови кои никогаш не го виделе светлото на денот и на сцената, укинуваат фестивали, ги присвојуваат театрите и никој ни да гукне. Оној кодошот на Шишков е набутан во сите комисии и одбори и си лечи комплекси врз колегите. И сега за фотељи ќе се крева уметничка револуција. Не бил од културата, вели Михајловски.

Тој прашува што фајде видовме од лоповите кои беа од културата?

- Крадеа како да имаат осум раце. И директори и министри, и се луѓе од фелата. И секогаш заштитени. До кај е случајот на МНТ за мистериозните 150 000 евра? До никаде. Исто ќе биде и со 8те милиони на Шашо од Комедија. Ќе никне некоја убава куќа во околината на Скопје и толку, потенцира тој.

Михајловски истакна дека оваа пандемија го изнесе на виделина фактот дека театарот е апсолутно небитен, непотребен а и опасен.

А ние, наместо да и се понудиме на публиката во некоја, било каква, форма соодветна на невремето кое го живееме се колеме за фотеља, скокање група и цвичиме за плата, пишува на Фејсбук, Тони Михајловски.

Четири години ја черечат и закопуваат културата, пљачкосуваат преку проекти на празни листови кои никогаш не го виделе...

Posted by Toni Sanac Mihajlovski on Saturday, February 6, 2021

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk