logo
logo
logo

КРВАВ ИНЦИДЕНТ: Обвинение против 32-годишен ТЕПАЧ од село Дуф

Vecer | 28.05.2021

КРВАВ ИНЦИДЕНТ: Обвинение против 32-годишен ТЕПАЧ од село Дуф

Основното јавно обвинителство – Гостивар поднесе обвинителен предлог против 32-годишен жител на селото Дуф за насилство.

Како што се наведува во соопштението на ЈО, обвинетиот на 23 февруари во Вруток извршил грубо насилство и телесно повредил едно лице, додека кај останатите присутни граѓани предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

– Оштетениот од својот автомобил се движел на регионалниот пат кај селото Вруток и во еден момент со рака му дал на обвинетиот право на првенство на минување. Но, обвинетиот продолжил да го следи со своето возило, на излезот од селото му го попречил патот, излегол од автомобилот, извадил дрво од багажникот и со него физички го нападнал оштетениот. Притоа му нанел телесни повреди и му се заканил дека ќе го убие, се додава во соопштението од Јавното обвинителсто.

Лицето се товари за кривично дело „насилство“ од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk