СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.А.(33) од Општина Босилово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и А.Д.(23) од Куманово, царински службеник, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“
На 28.02.2024 на Граничниот премин Табановце, првопријавениот со патничко возило „мерцедес“, остварил влез во Р. Македонија, при што на автопат му била извршена контрола и било утврдено дека е натоварено со разновидна роба, во вредност од 298.591 денари, без да поседува документација за истата и без регистрирана дејност за вршење на меѓународен јавен превоз.
Второпријавениот, не извршил соодветна контрола над возилото на првопријавениот и му пресметал и наплатил помалку царински давачки и давачки за ДДВ, при што му овозможил влез во Република Македонија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата