logo
logo
logo

Кривична пријава за поранешен полициски началник

Vecer | 08.01.2025

Кривична пријава за поранешен полициски началник

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Н.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 3 од Кривичниот законик.

Пријавениот, како поранешен началник на Одделот за воздухопловни единици, со искористување на својата службена положба и овластување нецелосно ја прикажал фактичката состојба за поседување на соодветна важечка дозвола за воздухопловен техничар со уредно впишано важечко овластување за конкретен тип на воздухоплов со што им овозможил на три лица вработени во МВР на работно место главни воздухопловни техничари да се стекнат со право на додаток на плата од 20% од денот на нивното засновање на работен однос во МВР.

Пријавениот, иако знаел дека воздухопловните техничари поседуваат важечка дозвола за одржување на воздухоплов издадена од цивилните власти, но немале успешно завршена обука за конкретен тип на воздухоплов според соодветна програма и немале впишано важечко овластување за конкретен тип на воздухоплов, овозможил да им биде исплатуван додаток на плата од 20% од моментот на засновање на работниот однос во МВР, спротивно на одредбите од Колективниот договор на МВР.

На тој начин тие се стекнале со противправна имотна корист од 926.486 денари и за тој износ бил оштетен буџетот на МВР.

Против Н.А., Одделот за внатрешна контрола ќе поднесе предлог за поведување на дисциплинска постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работно место – суспензија до завршување на дисциплинската постапката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk