logo
logo
logo

Кривична пријава за криумчарње мигранти од Кина преку Грција

Vecer | 05.10.2024

Кривична пријава за криумчарње мигранти од Кина преку Грција

Регионалниот центар за гранични работи Југ до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против Д.П.(25) од с.Вранештица, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Имено, на 04.10.2024 околу 08 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин „Богородица” Д.П. бил затекнат, на место во близина на граничен камен 61/3, додека во својство на водич, пренесувал илегални мигранти од Кина, од грчка на македонска страна.

Две женски лица од Кина се предадени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk