logo
logo
logo

„Криминалот со надзорот не може да се стави под тепих, по промената на власта ќе завршат пред лицето на правдата“

Vecer | 18.03.2023

„Криминалот со надзорот не може да се стави под тепих, по промената на власта ќе завршат пред лицето на правдата“

По промената на власта, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека новата власт ќе се позанимава со како што рече политичките измамници на чело со Ковачевски кои што се обидуваат да печалат на грбот на народот кој што е напатен и осиромашен сите да завршат пред лицето на правдата.

Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со скандалот со надзорот за коридорите 8 и 10д. Мицкоски рече дека не очекува дека ова ЈО нешто ќе направи и дека ќе преземе мерка против јасниот криминал на владата на ДУИ поддржана од СДСМ, јасен криминал кој што го прават официјалните луѓе кои што се задолжени за тоа а туку предничи Ковачевски Димитар и тука треба да бидат сите на јасно.

- Дека овој криминал сега може да се стави под тепих и тие луѓе кои што се соучесници и оваа фирма за долен веш која што се пријавува како надзор на овој капитален проект треба да им е јасно дека за месеци од денеска лично јас ќе се занимавам со овој проект односно со оваа јавна набавка со која што треба да се врши надзор и супервизија на градежните работи во изградба на два значајни коридори односно два значајни патни правци кои што се поделени сега во четири отсечки а кои што се дел од коридорот 8 и коридорот 10 Д. Еве лично на македонската јавност и кажувам дека лично јас ќе се занимавам и се ќе дадам од себе за да виновниците кои што се обидуваат на маката на овој опљачкан напатен и осиромашен народ да печалат дополнителни пари да бидат изведени пред лицето на правдата. И ова не е закана ова е предупредување, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека мора во оваа држава да престане да се игр со трпението на народот и со маката на народот, доста е политичари криминалци, доста е од политичари кои што се богатата на маката на народот.

Време е да дојдат политичари работници еве како што гледате тука што се случува во Охрид, и насекаде низ Македонија каде што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ го испорачуваат она кое што го ветија за време на кампањата. А овие политички измамници на чело со Димитар Ковачевски ќе бидат пратени во историјата но и ќе има одговорност, лично јас се обврзувам пред македонската јавност, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk