logo
logo
logo

Кренар Лега БАРА ЛУЃЕ ВО ВМРО ДПМНЕ ДА МУ ЈА СПАСАТ ВЛАСТА

Vecer | 07.05.2023

Кренар Лега БАРА ЛУЃЕ ВО ВМРО ДПМНЕ ДА МУ ЈА СПАСАТ ВЛАСТА

Министерот за правда Кренар Лога во неделното интервју за Радио Слободна Европа вели дека Преамбулата останува да биде приоритет на работната група која ќе ги подготвува уставните измени и очекува предлогот да помине во Собрание.

– Мене ми е жал што ВМРО-ДПМНЕ не е дел од оваа група. Јас ги повикувам уште еднаш да бидат дел од успехот на патот кон европска иднина на Македонија и верувам дека овие се храбри луѓе кои што прифатија да бидат дел од оваа работна група. Тоа се извонредни луѓе бидејќи, во вистинскиот момент најдоа време иако знаеја дека ќе бидат оцрнети од дел од јавноста да го дадат својот придонес за ние да станеме дел од фамилијата на ЕУ. И верувам дека со нив ќе имаме успешна приказна која треба на јавноста да и ја прикажеме пред да ја усвоиме во Собрание. Ние го имаме делот на изготвување, а предлагач ќе биде Владата и во тој дел ние нашата работа за кратко време ќе ја преставиме пред вас – рече Лога.

Министерот за правда смета дека во неколку изјави ВМРО-ДПМНЕ има дадено простор дека ќе ги поддржи уставните измени, и тоа најмалку двапати.

– Нивниот лидер еднаш рече дека бара цврсти гаранции од ЕУ, па кажа дека ќе имаат позитивен став ако имаме формулација како во Хрватска. Така да, ако ВМРО-ДПМНЕ не најде сила како една од најголемите политички партии, внатре во ВМРО-ДПМНЕ ќе се најдат вистинските луѓе кои знаат да ја препознаат иднината на државата, дека нема друг пат, бидејќи ова што се бара и очекува од нас мора да се исполни –потенцира Лога.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk