logo
logo
logo

Во МОЗ потпишан Меморандум за соработка со Филозофскиот факултет

Vecer | 26.03.2025

Во МОЗ потпишан Меморандум за соработка со Филозофскиот факултет

Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ и деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Оливер Бакрески денес потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции.

Со овој Меморандум за соработка се дефинираат активностите помеѓу Филозофскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Метoдиј“ Скопје и Министерството за односи меѓу заедниците, како и моделите на соработка, со цел пренесување знаења и искуства од вработените лица во Министерство за односи меѓу заедниците.

И МОЗ и Филозофскиот факултет со потпишувањето на Меморандумот ќе се стремат кон остварување на повеќе зацртани цели како: заемна размена на информации, знаења и искуства од области од заеднички интерес; обезбедување квалитетни деловно-стручни услуги за членовите на страните потписнички; утврдување и негување на добрите деловни обичаи, како и учество, соработка и реализација на заеднички проекти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk