logo
logo
logo

Видео

КРАДЕЦ ФАТЕН НА ДЕЛО: Наместо да си ужива во пензијата, краде цвеќиња и борчиња

Vecer | 17.05.2021

КРАДЕЦ ФАТЕН НА ДЕЛО: Наместо да си ужива во пензијата, краде цвеќиња и борчиња

На социјалните мрежи кружи видео снимено од безбедносна камера, најверојатно од куќа во Стрмица, која сопствениците ја поставиле откако во текот на неколку месеци константно некој им крадел борчиња, елки и цвеќиња кои си ги засадиле во дворот.

- Луѓе, во изминатите неколку месеци константно од нашиот двор крадат. 17 борчиња и елки, посадени цвеќиња и тоа од земјата и цвеќиња со саксии. Истото се случуваше и во околината, низ туѓите дворови. Поради таа причина се обезбедивме со камери. Еве во виновникот. За жал човек во години на кој воопшто не му доликува тоа.

Ќе ве молам да го споделите видеото и доколку некој го препознае да не контактира во инбокс. Им благодариме на сите кои ќе се потрудат да ни помогнат.

Убав ден, добри луѓе, напиша Јулијана Витларова, која ја сподели снимката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk