logo
logo
logo

КОЖУВЧАНКА ДОО – ПАРТНЕР ЗА РАЗВОЈ НА СТРУЧЕН КАДАР ВО НАШАТА ДРЖАВА!

Vecer | 27.09.2023

КОЖУВЧАНКА ДОО – ПАРТНЕР ЗА РАЗВОЈ НА СТРУЧЕН КАДАР ВО НАШАТА ДРЖАВА!

 Компанијата Кожувчанка од Кавадарци се приклучува во реализација на швајцарскиот проект воден од М6 Едукативниот центар, за образование за вработување во нашата држава.

Овој месец, на 20-ти, на настан во Кавадарци повеќе компании од приватниот сектор, помеѓу кои и Кожувчанка ДОО, го најавија своето партнерство со кое ќе помогнат во развој на стручниот кадар кај нас.

На панел-дискусијата Патека кон прогресот: Вклучување на приватниот сектор во професионалното образование говореа Амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман, Светозар Јаневски, Претседател на Управниот одбор на ВВ Тиквеш, Митко Јанчев, Градоначалник на Општина Кавадарци и Горан Митрески, Генерален директор на Кабтел.

  Препознаваме, помагаме и секогаш се стремиме да бидеме дел од значајни проекти за нашите граѓани и нашата држава. Сите кои имаме можност треба да се заложуваме за доброто на општеството во кое живееме. Кожувчанка и останатите компании, со ова партнерство покажуваат дека се за развој на иновации, како и за економски и социјален просперитет на земјата. – изјави, Генералниот директор на Компанијата Кожувчанка, г-ѓа Јанинка Чупаркоска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk