logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

„Ковачевски ВО ОДБРАНА НА ПРИМИТИВИЗМОТ на Талат“

Vecer | 14.05.2022

„Ковачевски ВО ОДБРАНА НА ПРИМИТИВИЗМОТ на Талат“

СДСМ и ДУИ секој ден покажуваат дека не го почитуваат Собранието, а деспотот од Форино, Талат Џафери оди и чекор понатака. Јавноста беше сведок на примитивизмот на Џафери, на неговиот однос,  навредите и пцовките кон вработените. Во која друга земја функционерите од власта им ги пцујат мајките на вработените во администрацијата? Во ниедна. Само кај нас тоа го прави власта на СДСМ и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие потенцираат наместо за таквото свое безобразие да поднесе оставка тој уште и ги обвинува тие кои ги навредувал дека не ги исклучиле микрофоните и заради тоа граѓаните ги слушнаа неговите пцовки, вулгарности и неговиот однос кон вработените во законодавниот дом. Тоа е недостојно!

- Ковачевски пак уште повеќе ја навредува интелигенцијата на граѓаните, па се прави недоветен и изјавува дека не знае кон кого се обраќал! Како божем да има разлика дали Џафери пцуе пратеник, снимател, собраниски административец или било кој друг чиновник, посочуваат од партијата.

Во соопштението се додава дека ваквите навреди доаѓаат од Џафери и во никој случај не може да се оправдаат, без разлика кон кого се упатени.

- Џафери треба да си поднесе оставка, а ако имаше грам доблест таа оставка требаше да му ја побара и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. Ковачевски пропушти можност. Тој застана во одбрана и оправдување на вулгарноста и примитивизмот и затоа срамот сега е и негов срам, нагласија од ВМРО-ДПМНЕ.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk