logo
logo
logo

Ковачевски најави субвенции на сметките за струја

Vecer | 28.09.2022

Ковачевски најави субвенции на сметките за струја

Темата на вечерашната вонредна прес-конференција е енергетската криза. Парно за скопјани ќе има, рече премиерот Ковачевски. Во однос на електричната енергија, пак, 85 .000 потошувачи ќе добиваат субвенционирана електрична енергија во износ од 80 проценти. Ќе се субвенциуонираат и сите училишта и здравствени установи со поповолна цена за електрична енергија.

Пред утрешната седница повикувам заедно да се обединиме да ги донесеме законите со кои се одблокираат пари од ЕБРД за надминување на енергетската криза, рече премиерот Ковачевски.

На новинарски прашања Ковачевски рече дека се преговара со Србија за набавка на гас за работа на нашата гасна централа, а тимовите се во тек на преговори. Србија треба финално да каже кој е нивниот став за размена на гас за електрична енергија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk