Ковачевски и Ахмети за да се спасат самите, принудени се да бараат помош дури и од Груевски, смета поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.
Тој ова го коментира по последните случувања во земјава и она што струи во јавноста дека власта со измените во Ктривичниот законик се обидува да му обезбеди враќање на пораншениот прмеиер Никола Груевски во земјава, а се со цел тој да направи поделби во ВМРО-ДПМНЕ, а тоа на власта да и донесе мнозинство за уставни измени или уште еден мандат на парламентарни избори.
- Откако државата со криминал и корупција ја доведоа во катастрофална состојба, Ковачевски и Али Ахмети, по сè изгледа, за да се спасат и самите, принудени се помош да бараат дури и од Никола Груевски, напиша Хајредини.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата