logo
logo
logo

Ковачев: Францускиот предлог ОДГОВАРА НА БУГАРСКАТА ПРЕГОВАРАЧКА РАМКА

Vecer | 27.06.2022

Ковачев: Францускиот предлог ОДГОВАРА НА БУГАРСКАТА ПРЕГОВАРАЧКА РАМКА

Нема притисок за одлуката за Македонија. Ова е бугарска одлука, бидејќи предлогот на француското претседателство одговара на бугарската преговарачка рамка, како што е усвоена во Рамковната позиција во Декларацијата на Бугарскиот парламент“, вели бугарскиот европратеник од ГЕРБ  Андреј Ковачев,  кој додаде дека исто така нема притисок во врска со тоа дали ГЕРБ ќе коалицира со партијата на Петков.

Според Ковачев, одлуката на 170-те пратеници јасно зборува за прифаќање на францускиот предлог, како што е запишано: „Протоколите на Договорот за добрососедство од 2017 година… Тоа значи дека нашата рамковна позиција се спроведува. Бугарските услови стануваат европски“.

Апсолутни шпекулации се гласините дека Бојко Борисов ќе поднесе оставка. Таква тема не е разговарано во ГЕРБ и нема да се разговара, изјавил бугарскиот европратеник од редовите на истоимената партија Андреј Ковачев, прецизирајќи дека нема информации за наводите што денеска ги изнесе поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, рече тој.

Ковачев истакна дека ГЕРБ е за евроатлантската политика и геополитичката ситуација на Бугарија, како дел од НАТО и ЕУ.

„Секоја партија што сака да работи кон главните елементи – НАТО, еврозоната, поддршка за Украина, диверзификација на изворите на енергија, е добредојдена да продолжиме да работиме заедно“, појаснил Ковачев, пренесува „БНР“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk