logo
logo
logo

Котлар: Подземни гаражи во Дебар Маало и Пролет, субвенционирање за гаражни врати за подземните паркинзи во Градски ѕид

Vecer | 21.10.2021

Котлар: Подземни гаражи во Дебар Маало и Пролет, субвенционирање за гаражни врати за подземните паркинзи во Градски ѕид

Стојам врз еден од најголемите подземни паркинзи во Скопје, но како што гледате ова е зелена рекреативна зона каде паркингот не го гледате, вели кандидатката за градоначалник на Центар, Наташа Котлар.

- Затоа уште веднаш ќе започнеме со градба на два подземни паркинзи во Дебар Маало и Пролет за вкупно 400 возила. Ќе има и места за оставање на велосипеди и полначи за електрични возила, додаде таа.

Котлар вели дека горната површина ќе биде послана со тревник за разни содржини. Надземните гаражи ветени од конкуренцијата фаќаат простор. Често се пренаменуваат и не го озеленуваат Центар.

- Подземните паркинзи изградени за Градски ѕид сега се нефункционални и запуштени. А, замислете има вкупно гаражи за 800 возила. За да ги оспособиме ќе субвенционираме врати на далечинско управување, а осветлувањето и исфрлувањето на шутот ќе бидат целосно на товар на Општината, рече Котлар.

https://youtu.be/iQ6mt6fIsGY

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk