logo
logo
logo

Костовски со 50% од својата месечна плата ќе му помогне на загрозено семејство во Радишани – ги повикува истото да го направат и советниците

Vecer | 24.01.2022

Костовски со 50% од својата месечна плата ќе му помогне на загрозено семејство во Радишани – ги повикува истото да го направат и советниците

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски преку статус на Фејсбук пишува дека ќе донира 50% од својата месечна плата за загрозено семејство од населбата Радишани. -Влатко Давитковиќ од Радишани заедно со своите братчиња и сестрички живее во многу лоши услови, недостојни за човек. Во куќа пред распаѓање и гладни стомачиња. Влатко, Иван, Марина и Мирослав се родени како деца со посебни потреби. 😇Мој став и стил е без јавност да се помага, но овој пат имам и поинаква цел. ✅Јас лично ќе се вклучам да помогнам на ова семејство од нашата Општина, ќе им подарам 50% од мојата месечна плата, дополнително со мој налог Општина Бутел ќе додели еднократна парична помош. Ќе ги замолам советниците од Општина Бутел исто така да донираат дел од својот месечен паушал. 🙏Ќе се потрудам да најдам општествено одговорни фирми кои егзистираат на нашата територија и ќе ги замолам истите да се вклучат во оваа активност, целта е семејството Давитковиќ да добие пристојни услови за живот, нова кујна, апарати за домаќинство и слично. ❗️Ги повикувам сите општествено одговорни фирми и поимотни луѓе од Општина Бутел да ме исконтактираат лично за оваа тема, стои во неговиот пост на Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk