logo
logo
logo

Костадиновска Стојчевска да се повлече од фунцијата или премиерот да ја разреши, бараат од СПМ

Vecer | 06.08.2022

Костадиновска Стојчевска да се повлече од фунцијата или премиерот да ја разреши, бараат од СПМ

Социјалистичката партија на Македонија изразува загриженост по скандалозната изјава на Бисера Костадиновска-Стојчевска, ресорен министер за култура. Дотолку повеќе што неодмерените зборови на г-ѓата министерка всушност се одраз на реалната ментална состојба во која се наоѓа Владата и СДСМ како последица од неразумното превземање обврски од потпишаниот Протокол, условен од страна на источниот сосед, велат од партијата Во продолжение целото соопштение Изјавите со директна закана за цензурирање на слободната творечка мисла, изречениот збор и било која уметничка креација само претставуваат рефлексија на сериозно програмски и идеолошки потклекнатата владеачка партија, подеднакво и на нејзината незаинтересираност и апатриден однос кон суштинските национални прашања. Непоимливо е, длабоко навлезени во дваесет и првиот Век од позиција на власт, а во СДСМ сватена како сила и моќ, било кому да му се наложува начин на креативност, односно да му се ограничува и забранува слободното творење, особено не на културните дејци и уметници. Ова е уште една потврда за воспоставениот хибриден режим во Република Македонија кој со досегашното однесување на членовите на Владата и нивните изјави се претвора во диктатура врз народот. Впрочем, секоја нелегитимна влада самата по себе претставува системско наметнување на ограничувања врз граѓаните, кои постепено се остваруваат и со репресивни средства за кои во изминатиот период бевме сведоци дека навистина и се применуваат, сè до очигледното физичко насилство и терор. Социјалистичката партија на Македонија смета дека со досегашното незадоволително работење и со скромното или воопшто непостоечко познавање за делокругот на овластувањата и обврските на институцијата со која раководи г-ѓата Бисера Стојчевска Костадиновска, е препорачливо самата да се повлече од Министерството за култура. Во спротивно, доколку премиерот чувствува елементарна одговорност е должен да ја разреши. Социјалистичката партија на Македонија воедно укажува на дополнителните елементи кои би ја теретеле министерката, а се однесуваат на лекомислено дадените согласности за отстапки од нејзиниот ресор, како дел од Протоколот и кои всушност претставуваат нејзин мотив во неразумната изјава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk