logo
logo
logo

Косово ОДБИ ДА ГО ИСПОРАЧА Африм Исмаиловиќ, ОСУДЕН ЗА МОНСТРУМ

Vecer | 23.04.2021

Косово ОДБИ ДА ГО ИСПОРАЧА Африм Исмаиловиќ, ОСУДЕН ЗА МОНСТРУМ

Основниот суд во Приштина го одби барањето на Министерството за правда на Република Северна Македонија за екстрадиција на Африм Исмаиловиќ, осуден во случајот „Монструм“. Официјално Скопје бара од Приштина негова екстрадиција за издржување на доживотен затвор, објави Алсат.

Претходно портпаролот на Министерството за правда Александар Видиновски за МИА изјави дека косовската страна побарала гаранции дека доколку Исмаиловиќ биде екстрадиран во земјава, ќе има повторено судење.

-Тие гаранции Судот ги даде, и преку Министерството за правда уште пред десетина дена се веќе испратени. Се уште нема одговор од косовска страна, потврди Видиновски за МИА.

Тој нагласи и дека до косовските власти е испратена информација дека буквално се што им треба како гаранција, доказ, превод на пресуда, ќе им се излезе во пресрет со цел Исмаиловиќ да биде вратен во земјава.

Законот во Македонија овозможува секој што е осуден во отсуство, да има право да бара повторено судење.

На 1-ви овој месец, по сообраќајна несреќа во Косово, Африм Исмаиловиќ беше однесен во полициска станица и е утврдено дека тој се бара со потерница. Тогаш косовската полиција го известува нашето МВР и наведуваат дека лицето е идентификувано и е утврдено дека за него има барање за екстрадиција.

Како што тогаш јави дописникот на МИА од Приштина, адвокатот на Исмаиловиќ, Бесник Бериша рече дека по проверката на кривичната историја на неговиот клиент, е утврдено дека за него има меѓународна потерница и дека надлежен обвинител му одредил 48-часовен притвор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk