logo
logo
logo

Корупцијата СЕ УШТЕ ВИСОКА - Македонија на 87 место во друштво со Танзанија, Косово, Мароко

Vecer | 23.09.2022

Корупцијата СЕ УШТЕ ВИСОКА - Македонија на 87 место во друштво со Танзанија, Косово, Мароко

Македонија се уште тоне во корупција, покажува најновиот извештај на Транспаренси Интернешнл за 2021 година.

Во објавениот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл, Македонија е рангирана на 87-то место со 39 бодови. Индексот користи скала на бодови од нула (многу корумпирана земја) до 100 (некорумпирана земја).

Македонија ова место го дели заедно со Косово, Мароко, Танзанија и Суринам.

Во регионот пред Македонија се и Албанија, Бугарија, Србија и Грција. Сите соседни земји се подобро рангирани од нашата.

Корупцијата се уште останува еден од најголемите проблеми на Македонија, нешто што го нотираат сите западни дипломати и извештаи.

Минатиот месец американската амбасадорка во заминување Кејт Брнз посочи дека еден од најголемите предизвици со кои се соочува Македонија е корупцијата која го поткопува доброто владеење и ја саботира економската конкурентност.

Владините претставници, напомена Брнз, мора да одговорат на предизвиците, да ги исполнат очекувањата на јавноста и стандардите за членство во ЕУ.

- Од независноста на Северна Македонија во 1991 година, САД ја поддржуваат вашата цел да станете демократска земја, која се заснова на владеење на правото и на еднакви можности за сите граѓани. Знаеме дека ова ќе биде предизвик зашто недостига одговорност, транспарентност. Сето тоа има потенцијал да ја одвлече Северна Македонија од патеката на нејзиниот напредок. Владините претставници мора да одговорат на овие предизвици, да ги исполнат очекувањата на јавноста и стандардите за членство во ЕУ, рече таа.

Додаде дека како земја имаме поддршка  да продолжиме со реформите.

- Дури и кога тие предизвикуваат одредени политички поделби зашто силна, демократска и инклузивна Северна Македонија е столб за просперитетот на Западен Балкан, рече Брнз во обраќањето по потпишувањето на амандманот на Договорот за грант за партнерство во Министерството за финансии на 30 август.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk