logo
logo
logo

Компаниите ќе треба да бираат: Или субвенции за плата или кредит за развој

Vecer | 16.02.2021

Компаниите ќе треба да бираат: Или субвенции за плата или кредит за развој

Компаниите ќе можат да одбера дали ќе земат субвенции за плата или кредити за развој, кредити преку развојната банка, а ќе бидат помогнати и занаетчиите, спортистите, тутунарите и граѓаните кои имаат долгови кон јавните претпријатија, ова го изјави премиерот Заев презентирајќи ги новите владини мерки за поддршка на погодените од пандемијата со Ковид-19.

Вкупно 160 милиони евра тежи петтиот пакет на економски мерки на владата.

Ќе се помогнат сите сектори погодени од пандемијата преку 29 мерки. 91,7 милиони евра од вредноста на пакетот се директни буџетски пари, информира денеска на прес конференција премиерот Зоран Заев.

Мерките, како што рече премиерот кои се распределени во распоредени во четири главни столба: директна финансиска поддршка за компаниите во туризмот, занаетчиството, угостителството, транспортот, индустријата за организација на настани со цел задржување на работните места, финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор со бескаматни кредити со неповратна компонента, креирање поповолно деловно опкружување со системско редефинирање на Царинскиот тарифник, намалување на парафискалните давачки, даночно олеснување и одложување кај неколку јавни давачки, како и директна помош за граѓанитесе опфатени сите сектори кои беа погодени од пандемијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk