logo
logo
logo

Командирот кој раководеше со кочанската полиција кога се случи пожарот Е МЕЃУ ПРИВЕДЕНИТЕ?

Vecer | 16.04.2025

Командирот кој раководеше со кочанската полиција кога се случи пожарот Е МЕЃУ ПРИВЕДЕНИТЕ?

Командирот кој раководел со полициската станица во Кочани кога се случи пожарот, а подоцна беше разрешен, е еден од седумтемина полициски функционери кои се приведени вчера во рамките на проширувањето на истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“, велат за телевизијата „24“ извори од МВР.

Како што најави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва, издадена е наредба за приведување на уште вкупно седуммина полициски началници, кои денеска ќе бидат изведени пред судија.

Од ОЈО ГОКК засега официјално велат само дека „во рамки на предистражна постапка, МВР постапува на терен во врска со обезбедување на полициски службеници и дека до Обвинителството е доставена кривична пријава од страна на МВР“, најавувајќи повеќе информации за денес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk