logo
logo
logo

ЈА ОТВОРИВМЕ ВРАТАТА КОН 600 милиони евра за зелени проекти преку програмата #EULIFE25

Vecer | 06.05.2025

ЈА ОТВОРИВМЕ ВРАТАТА КОН 600 милиони евра за зелени проекти преку програмата #EULIFE25

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска информира дека повиците за #EULIFE25 програмата се официјално отворени, а земјава е единствена во регионот што има пристап до овие средства, соопшти неговиот кабинет.

Меџити ја повика домашната академска заедница, локалните самоуправи, научните и образовни институции, приватниот сектор и здруженијата на граѓани, да ја искористат оваа прилика и да аплицираат директно за некој од отворените повици, за да според него, зелените идеи да се претвараат во конкретни проекти поддржани од ЕУ!

LIFE Програмата поддржува проекти во четири клучни области: Заштита на природата и биодиверзитетот; Циркуларна економија; Климатска акција – ублажување и адаптација; Чиста енергија и одржливи извори.

– Вашите идеи, визии и иницијативи за одржлива иднина сега можат да бидат поддржани со значителни европски средства, напиша Меџити на социјалните мрежи.

За да се биде дел од програмата заинтересираните треба да се регистрираатза следење на виртуелните #EULife25 инфо денови од 13 до 15 мај, каде што имаат можност да добиваат совети и насоки за пополнување на апликациите директно од европските експерти.

Повеќе информации за отворените повици и инфо деновите на следниот линк

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk