logo
logo
logo

Колку МАКЕДОНЦИ ДОБИЛЕ ЕВРОПСКИ ПАСОШ, според Евростат

Vecer | 17.03.2021

Колку МАКЕДОНЦИ ДОБИЛЕ ЕВРОПСКИ ПАСОШ, според Евростат

Желбата, дали од еконоимски или некоид руги причини, да се биде граѓанин со пасош на некоја од ржавите во Европската унија води многу Македонци да бараат начин за аплицирање на европски пасош,

Повеќе од 706.000 луѓе во текот на 2019 година добиле државјанство на некоја од земјите на ЕУ, а меѓу „новите Европејци“ приближно секој десетти потекнува од Западен Балкан, покажаа податоците на европската статистичка агенција Евростат.

Најмногу нови државјани во текот на 2019 година добиле Германија, Италија, Франција, Шпанија и Шведска, а повеќето се од Мароко, Албанија и Велика Британија.

Од Западен Балкан, најмногу нови државјани на ЕУ доаѓаат од Албанија (41.703), следи Србија (10.297), Косово (8.047), Македонија (7.147) и БиХ (6.977).

Според Евростат, граѓаните на Западен Балкан најчесто аплицирале за германско и италијанско државјанство, како и за државјанство на Франција, Шпанија и Шведска, но и на некои од поранешните југословенски републики.

Во 2019 година, Словенија доби 1.911 нови државјани, претежно од БиХ, Србија и Македонија, а Хрватска 1.121, претежно од БиХ, Косово и Србија.

Како и претходните години, Романците, Полјаците и Италијанците се трите најбројни групи на државјани на ЕУ кои во 2019 година добија државјанство на друга членка на Унијата.

Стапката на натурализација (бројот на натурализирани во однос на бројот на странци во една земја) е најголема во Шведска – 7%, Романија – 4,7% и Португалија – 4,4%, објави Евростат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk